Министерот за здравство Венко Филипче потенцира дека тогаш кога вакцината за КОВИД-19 ќе биде достапна за нашата земја таа нема да биде задолжителна, но посочи дека тој и неговото семејство ќе се вакцинираат. Вакцината рече Филипче, се развива на безбедна платформа.

Таа сега е во трета фаза на испитување, се виде дека дава антитела, но мора да се почека да се види колку ќе траат тие за да се знае дали ќе треба една или две дози.

-Вакцината не е во календар и нема да биде задолжителна, барем не на почеток. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, кои ќе бидат препораките, рече Филипче во само интервју на Канал 5 телевизија.

Но, како што рече, многу е битно да се види дека дури сега сите сфаќаат колку е битно да има вакцина за некое заболување. Поради постоење вакцина кај нас за само шест месеци се заврши епидемијата на морбили, а сега за КОВИД никој нема таков инструмент и затоа пандемијата не може да заврши.

За пристап до вакцината за коронавирусот, како што рече, постојат два механизма. Едниот преку СЗО механизмот наречен КОВАКС, преку кој оваа организација се обврза еднакво да дистрибуира вакцина до сите земји се додека не се вакцинира 20 посто од населението.

Вториот механизам земјава да дојде до вакцина, рече е преку ЕУ. Оксфордската вакцина, потенцира, која се очекува да ја произведува Астра Зенека, земјава ќе може да ја добие преку поласката амбасада која ни дала понуда да купиме одреден број дози од тие кои ќе им бидат доделени ним. Реалните очекувања, според Филипче, се вакцина да биде достапна на почеток на 2021 година.

Како друг начин на заштита пред претстојниот есенскиот период кога се очекуваат и настинки, сезонски грип и други инфекции, министерот Филипче посочи дека испланирале за годинава да бидат обезбедени двојно повеќе дози од лани. Така годинава ќе има достапни бесплатни 60 илјади дози вакцини за сезонски грип



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.