12 позиции во МВР денеска добиваат нови началнички и раководни позиции по предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев. Алфа го објавува списокот на рокадите.
- Досегашниот началник на СВР Скопје Тони Јакимовски се менува со вишиот полициски советник Ристо Ставревски.
- Во СВР Битола на местото на Славко Јовановски Чулев го поставува Андреј Василевски.
- СВР Велес се менува Злате Јаневски со Игор Ангеловски.
- СВР Струмица се менува Танчо Пројковски со Васко Тодоров.
- СВР Штип се менува Маријан Коцев со Александар Николов.
- СВР Охрид се менува со Сашо Милески со Илија Милески.
- Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал се менува Лазо Велковски со Александар Јанев.
- На местото на началникот на Интервентна единица Примислав Димовски доаѓа Васко Наумовски.
- Оддел за специјални полициски операции се менува Бранко Трајановски со Сашо Зенговски.
- Помошник-министер на Одделот за криминални истраги, за внатрешна контрола и професионални стандарди се менува Дејан Андонов со Филип Филиповски.
- Оддел за внатрешни работи Прилеп се менува Игор Каравилоски со Трајче Горгиески.
- Помошник-министер на Одделот на информатика и телкомуникации на место на Марјан Коцев е имануван Здравко Стојков.
Чулев има право да назначи 15 нови позиции, за останатите три дополнително ќе одлучува министерот. Според законот актуелните раководители сега ќе станат заменски на новоименуваните и ќе имаат врзани потписи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.