Ни оваа година не изостана Василичарскиот оган во Охридското езеро.

Откако традиционално со китење на подводна новогодишна елка честитаа Новата година, нуркачите на нуркачкиот центар „Амфора“ од длабочините на Охридското езеро ја честитаа и Старата нова година.

На необичен и атрактивен начин, со Василичарски оган под вода нуркачите од Охридското Езеро им ја честитаат Стара нова година и Василица на православните христијани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.