Зоран Заев денеска наместо да го повика на одговорност, го заштити Драги Рашковски. Заев денеска докажа дека Драги Рашковски работел по негови инструкции и за негови цели, изјави денеска на прес-конференција Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека Зоран Заев е директно одговорен за сомнителниот тендер од 7 милиони евра за набавка на АТМ системот за потребите на М-НАВ кажа и самиот Драги Рашковски вчера, кој посочи дека настапувал по овластување токму на Зоран Заев. Колега Драги Рашковски дали сте само извршител на Зоран Заев кој е лицето кај кого треба да легнат парите од 7 милионската аванта? Охрабрете се и не го штитете човекот кој бесрамно ја лаже македонската јавност со години наназад, рече таа.

Исто како и кај Заев, додаде, кој бараше евро по метар квадратен, така и за Рашковски постојат аудио снимки од кои се слуша „Leonardo will win the tender“.

Што тука е неразбирливо, уште пред да се склучи договорот со Леонардо, се знаело кој ќе го добие овој тендер. Јавното обвинителство треба само да испита, дали кажаното во снимката коинцидира со настаните кои следат потоа. Едноставно е. Оттука уште еднаш го повикуваме Јавното обвинителство да преземе мерки и да побара притвор, како за Рашковски, така и да го повика на разговори токму господинот Зоран Заев. Или пак не смее затоа што тие се луѓето на кои им реферираат, дали ВМРО-ДПМНЕ поднело или не некој поднесок, рече таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.