ВМРО-ДПМНЕ е партија исто така државотворна, партија која што произведе многу концепти кои го трасираа пратот на Република Македонија уште во раните 90-ти години. Партија која помина многу искушенија, многу предизвици, и во овие четири години последни, доста тешки но една внатрешна трансформација која резултираше и со потврдување на вториот мандат на претседателот Христијан Мицкоски“, истакна Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Василевска додаде ВМРО-ДПМНЕ направи своја програма, приложи своја нова доктрина врз основа на која што ги покажа своите цели кон каде се стреми.

„На македонските граѓани без оглед на етничката припадност им треба работа, им треба спокој, им треба услови и реални еднакви можности. И ВМРО-ДПМНЕ во оваа втора епоха токму тоа сака да им го понуди. Тоа не е она популистичко или предизборно ветување за собирање на гласови мислам дека и пред неколку дена претседателот Мицкоски имаше прес конференција во која што кажа дека нам не ни се потребни функции и власт, доколку тоа е само услов за лична корист. Нас ни треба Македонија просперитетна, европска, земја во која што младите ќе останат во државата, ќе го дадат својот придонес и ќе веруваат во нејзе“, појасни Василевска.

Василевска додаде дека ниту еден од криминалците кои го уништија здравствениот систем не одговараат пред правдата. Ден Дончев никаде го нема, а беше фатен со туце пари во торбата. А, да не говори за криминалните тендери на Филипче.

Василевска дури и укажа дека моментално во Македонија има ненормална ситуација на шест месеци се изгласува енергетска криза, здравствена криза



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.