Има сериозни прашања кои не можат да се сведат на техничко-математички операции, не можете да дозволите Македонија да биде фалсификувана, граѓаните мора да добијат реален попис – и реплицираше пратеничката Иванка Василевска на Калевска-Ванчева пратеничката на СДСМ во „Топ Тема“ на телевизија „Телма“.

Да не ги релативизираме прашањата за националност и религиозна определба, ќе инсистираме на формирање на Пописна комисија од експерти академици и професори статистичари кои ќе вршат супервизија на пописот.

 

Треба да бидеме заштитници на македонското достоинство, отиде Македонија со ова СДСМ, гледајте премиерот што ви прави јавно, ВМРО-ДПМНЕ претходно можеби имало грешки, но барем не бевме предавници на сопствениот народ, доживеавме ваква ситуација сега со Бугарија, а сега треба да веруваме дека овој премиер и оваа ваква власт нам ќе ни обезбеди најдобри намери и ќе спроведе реален попис – порача Василевска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.