СДСМ врши поткуп на медиуми, граѓани и фирми со државни пари преку таканаречените невладините организации. Половина милион евра се трошат за поткуп на медиуми, граѓани и фирми во услови кога илјадници остануваат без работа, истакна на денешната прес-конференција Иванка Василевска.
СДСМ со денови молчи и не дава одговори:
Дали во буџетот на Република Македонија има „вишок“ од половина милион евра, па тие наместо за помош на граѓаните и компаниите, се користат за поткуп на одредена група на невладините на Заев?
Доколку Социјалдемократскиот сојуз навистина се грижи за благосостојбата на ранливите категории на граѓани, и за работата на невладините организации, прашуваме тогаш зошто овие средства кога се одложија изборите за 12-ти април беа скратени, а сега во предизборието истите ќе се доделуваат во скратени рокови и скратени процедури?
И ако навистина целта е квалитетни и реални проекти за справување со пандемијата дали е демократски, транспарентно и отчетно, да објавите оглас за финансирање на невладини организации, а рокот за поднесување на соодветната документација да е неполни 6 дена?
Молчењето на СДСМ само ја потврдува нашата теза дека целата оваа операција не претставува ништо друго, освен обичен обид за предизборен поткуп. Воедно, не зачудува и молкот од страна на Државната комисија за спречување на корупција, чија што основна функција е препознавање на обиди за корупција од страна на политичари или државни институции. Ја потсетуваме истата дека Република Македонија се наоѓа во предизборен период и јавно ги повикуваме да отворат соодветни постапки, при секој еклатантен обид за поткупување на гласачи, како што е впрочем и овој.
За ВМРО-ДПМНЕ невладиниот сектор претставува еден од столбовите на демократијата. Невладиниот сектор треба и мора секогаш да ја зачува својата неутралност и да биде силен критичар на коруптивните појави во општеството и коректор на власта. Во таа насока, ги повикуваме невладините организации да го покажат својот интегритет и авторитет и јавно да се спротивстават на ваквите еклатантни обиди за злоупотреба, односно предизборен поткуп. Ние имаме огромна почит кон граѓанските организации и ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека навистина не е вредно да се става под „хипотека“ интегритетот на невладиниот сектор, само заради лукративните интереси на Социјалдемократскиот сојуз и одредена група на веќе т.н. „владини-невладини“ организации. Воедно, го повикуваме Социјалдемократскиот сојуз да ги тргне своите раце од невладините организации и да не го доведува целокупниот невладин сектор во незавидна ситуација пред очите на јавноста!
СДСМ го уништува невладиниот сектор. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.