Разврската од Самитот на ЕУ не е пријатна за Грција и не оди во корист на стабилноста во регионот, изјави грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Милтиадис Варвициотис во интервју за грчкото радио „Реал фм“, истовремено истакнувајќи дека ни разделувањето на кандидатурите на Македонија и Грција немаше да биде во прилог на стабилноста на регионот.
– Сигурно е дека тоа не е пријатна разврска за нас. Тоа е разврска што не е во корист на стабилноста во регионот. Но, би ви рекол и дека немаше да биде во корист на стабилноста на регионот и одлука што ќе велеше „да“ за Скопје, „не“ за Тирана, бидејќи во суштина ќе го радикализираше албанскиот елемент кој има многу големо влијание како во Скопје, така и во Косово, вели Варвициотис, додавајќи дека ставот на многумина, а меѓу нив и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, бил дека „не е во корист на стабилноста на регионот разделување на двата случаи“.
Како што jави дописничката на МИА од Атина, Варвициотис, објасни дека и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и премиерот Мицотакис, но и тој лично, минатата седмица на состаноците на ЕУ, излегле со став дека првпат во историјата постои можност „на север да се граничиме со земји кои полека го добиваат статусот член на Европската Унија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.