Еврокомесарот Оливер Вархеји вели дека раздвојувањето на Албанија и Македонија од преговорите за ЕУ е опција ако Скопје не најде заедничко решение со Софија.
Ако и натаму наидеме на потешкотии со Македонија, тоа би значело неуспешни преговори со Бугарија, тогаш би можеле да продолжиме само со Албанија. И треба да го разгледаме тоа прашање, истакна Вархеји за Еуроњуз.
Преговорите меѓу Скопје и Софија се замрзнати поради изборите во Бугарија. Специјалниот пратеник во Софија, Владо Бучковски во една прилика рече дека се случило најлошото сценарио за Македонија бидејќи во Бугарија не може да се состави Влада. Источниот сосед на 11-ти јули повторно ќе оди на избори, а во меѓувреме се очекува формирање времена влада од страна на претседателот Румен Радев.
Премиерот Зоран Заев вчера рече дека е оптимист оти договор може да се најде со времената Влада во Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.