Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји не сакаше да потврди дали поднел предлог за решавање на спорот помеѓу Скопје и Софија.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Вархеји денеска на прес-конференција посветена на јужното соседство на ЕУ, кусо искоментира само дека Европската комисија се надева дека почетокот на преговорите со Македонија ќе се „деблокираат што е можно побрзо“.

Земјава од минатата година е блокирана од страна на Бугарија за почетокот на преговори со ЕУ, поради билатерален спор.

Бројни дипломати минатата година брифираа дека еврокомесарот Вархеји поднел предлог за решавање на спорот кој одел во прилог на бугарската страна, поради што тој не бил прифатен ниту од Скопје, ниту од тогашното германско претседателство со Унијата, ниту од повеќе земји членки на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.