Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вечерва во Белград ја започна својата посета на земјите на Западен Балкан каде ја донесе првата донација на ЕУ од 1170 вакцини на Фајзер/Бионтек, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што беше најавено претходно во Виена, после Србија, Црна Гора ќе добие 2.340 дози вакцини на Фајзер, потоа Босна и Херцеговина – 10.530, а Македонија, Косово и Албанија ќе добијат по 4.680 дози.
До август, како што беше најавено, земјите од Западен Балкан ќе добијат вкупно 651.000 дози вакцини од колективната набавка на ЕУ.
Најголем број вакцини ќе добие БиХ -214.000, потоа Албанија -145.000, Македонија – 119.000, Косово 95.000, Црна Гора 42.000 и Србија 36.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.