Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во обраќањето на Европскиот економски и социјален комитет повтори дека Европската комисија останува посветена на Западен Балкан и во време на пандемијата, истакнувајќи ја ангажираноста околу обезбедување вакцини за регионот што е можно поскоро, пишува порталот 360 степени.
Иако призна дека ова се покажува потешко отколку што се надевале, сепак изрази заадоволство од Ковакс-механизмот, кој ги доставува првите дози вакцини за регионот. При тоа, Вархеји, ги спомена Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора како земји каде од денеска па во следниот период ќе стигнат вакцини преку овој механизам, но не и нашата земја и Косово.
Албанија прими 38 400 вакцини, додека Босна и Херцеговина е подготвена да ја добие својата прва серија денеска, а следната недела и Црна Гора ќе ја добие и својата прва серија“, кажа Вархеји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.