Новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји денеска во Скопје, на заедничката прес конференција со техничкиот премиер Оливер Спасовски, рече дека Македонија и Албанија се подготвени да ги почнат преговорите.

Имам добри вести, интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија ќе продолжи. За новата комисија проширувањетоне е табу тема, туку приоритет , рече Вархеји кој е во прва во регионот и прва официјална посета надвор од Европската унија.

На заедничката прес конференција Вархеји го пофали досегашниот развој на земјава и истакна дека таа е подготвена за пристапни преговори со Европската Унија.

Важно е да постои национален консензус околу преистапувањето во ЕУ. Приоритет треба да се даде на новиот Закон за јавно обвинителстви, истакна Вархеји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.