Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска ја поздрави испораката на вакцини против Ковид-19 во Македонија и Црна Гора преку програмата Ковакс.
ЕУ е меѓу оние кои најмногу придонесуваат за Ковакс и е солидарна со своите партнери за да се обезбеди вакцините да стигнат до сите. Ќе излеземе заедно од пандемијата, напиша Вархеји на својот профил на Твитер.
Во Црна Гора и Македонија, преку програмата Ковакс, денеска пристигнаа по 24.000 дози на вакцината АстраЗенека
ЕУ во својата порака на Твитер истакна дека поддршката на Унијата за програмата Ковакс помага да се осигура дека безбедните вакцини ќе стигнат до сите подеднакво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.