Го поздравувам договорот постигнат меѓу двете главни политички партии во Македонија за одржување на изборите на 15 јули, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Важен сигнал за земјава, нејзините граѓани и патот кон ЕУ, овој договор го трасира патот кон слободни, фер и инклузивни избори, коишто ќе бидат набљудувани од страна на ОБСЕ/ОДИХР – напиша Вархеји на својот профил на Твитер.

Претходно денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се договорија изборите да бидат на 15 јули годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.