Во втор круг немам друг избор туку да гласам против фајтеров, вели професорката Билјана Ванковска за премиерот Зоран Заев и „секој негов искажан збор“.
Сега го гледам интервјуто на ЗЗ со Сашо Орданоски: фајтеров (кој на радовишани им порача: кип фајтинг – луѓето збунети) како да сака да ги изгуби изборите. Со секој искажан збор, вклучително и лагата дека сме добиле датум за преговори, ми ги прави ДПМНЕ и Данела поприфатливи и посимпатични! Сега во втор круг немам друг избор туку да гласам против фајтеров!, вели Ванковска.
За наводите дека кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, има бугарско државјанство, што таа го демантираше и за што најави тужби, Ванковска за СДСМ коментира: Ова е класичен случај на „пукање во своја нога”. Море каква нога, ова е пукање во сопствена глава!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.