Како што можете да видите, занемев, замолчев, немам веќе што да кажам, а што не било кажано навреме, вели професорката Билјана Ванковска, една од најголемите критичари на владата на СДСМ и нивните политики кон Бугарија.

Се сторивме сите во кукумјавки, идиоти го водат орото.
До преминот кон есента ли е или до она „дођу тако некад времена, када памет заћути…“ – не знам. Или она за вселената и глупоста, која е докажано бескрајна?
Простете, ама ќе си помолчам. Од жал и пиетет кон она што дозволивме да го убијат, а за што не се боревме колку што требаше, порача Ванковска по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев околу бугарскиот фашистички окупатор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.