Универзитетската професорка Билјана Ванковска реагира на новата владина одлука, со која денеска Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена заради зголемената појава на пожари и спречување на нивно ширење.

При толку професори за кризен менаџмент (на мојот факултет) плус куп правници на соседниот, некој можеше да им објасни каков нонсенс е ова: една кризна состојба до 31 декември заради пандемија, а 30-дневна за пожари. По оваа логика, овие ќе прогласуваат кризна состојба за секоја одделна причина. Како ќе им текне…, реагира Ванковска.

Инаку, во јуни Собранието изгласа продолжување на кризната состојба до 31 декември годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.