Секоја чест за Норвешка што слави љубов кон/за секого, ама мораше ли и Дедо Мраз да го присвои и сексуализира (или аутира, се вика тоа?), коментира професорката Билјана Ванковса за рекламата на норвешката пошта, во која Дедо Мраз е прикажан како хомосексуалец. Кампањата ја слави 50-годишнината од декриминализацијата на хомосексуалноста во Норвешка, но предизвика доста реакции во јавноста, зошто се користи токму Дедо Мраз.

Кога сте го виделе Дедо Мраз да се бакнува со мајка, реагира јавноста.

Доволно е што Божиќ се комерцијализираше, сега одат чекор плус.
На децата им ја одземаа невиноста, онаа куса и така фина фаза од животот во која веруваш во бајки, не се оптоваруваш со идентитетски дилеми, социјални конструкции, не ти е грижа кој од каде доаѓа и што е, се радуваш на мали нешта и очекуваш чуда…, коментира Ванковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.