И професорката Билјана Ванковска ги критикува денешните внатрепартиски избори на СДСМ, на кои членовите на партијата денеска гласаат за еден кандидат за претседател – досегашниот лидер на партијата Зоран Заев.

Колку треба да си заробен и закрепистен партиски војник, па среде пандемија и по снег да излезеш да гласаш за ЕДЕН единствен лидер на Партијата?, коментира професорката.

Од активно регистрираните вкупно 68.990 запишани членови во избирачки список, до 12.00 часот своето право го искористиле и гласале вкупно 32.198 членови, соопштија од партијата. Голем број на функционери од СДСМ, пак, споделија свои фотографии дека излегле да гласаат и ги оценија овие избори како „врв на демократијата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.