Каква е разликата меѓу онаа телевизија на Боки 13 и оваа, во професионална, новинарска и етичка смисла, прашува професорката Билјана Ванковска, коментирајќи ја веста објавена на „Телма“ за маратонската сединца на која пратениците од опозицијата го спречија договорот со кој ќе се дадат 33 милиони евра на „Макпетрол“ (сопственик на телевизијата), под наслов „Маратонската седница за ГАМА полна со говор на омраза од ВМРО ДПМНЕ и Левица“.
Како бре не им е срам???? Ова ли се новинари? Оние со црвениот телефон, божем? Сега се во прегратка со власт која Собранието го користи како тоалетна хартија за да исполни олигархиски цели. И немаат друг аргумент, немаат КОД, немаат ТОП ТЕМА, ама имаат в раце оружје „говор на омраза“! Секој кој ќе им ја каже вистината в лице е WOW, ширач на омраза!
Подобро ќе беше да премолчеа бидејќи имаат конфликт на интереси.
И сега едно реторичко прашање: каква е разликата меѓу онаа телевизија на Боки 13 и оваа, во професионална, новинарска и етичка смисла?, пишува Ванковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.