Како не и’ е срам!?! Уште и пленум спомнува! Па ова сега е поголемо зло од она во 2014/2015 кога го формиравме пленумот! И тогаш немаше дебата, како и сега! Само малолетни деца не можат да направат пленум и да протестираат! Јас се срамам од сопствената наивност и од тоа што сум стоела заедно со оваа жена. Да, јас му реков на Груевски “Ние не сме против вас (владата)” зошто мислев дека сме фела која се бори за подобро образование и автономија, а не за уривање на “режимот” и се’ македонско! Тие што тогаш уриваа режим (гајле им беше за образованието), сега бранат режим (и пак не им е гајле за образованието туку за своите суети и грантови), пишува на Фејсбук, професорката Билјана Ванковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.