Јас и професор Ферид Мухиќ заедно со уште 78 колеги ги победивме бандитите во вмро дпмне. Македонија мора да биде правна држава, во која ќе владее правото.
Само така ќе обезбедиме сигурна иднина за оваа и за идните генерации.
Со оваа порака портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, позирајќи со пратеникот Мухиќ покажа како се гласаше за Законот за ЈО.
Игнорирајќи ја неговата порака, како и знакот кој Костадинов го прави, а не ни знае што значи, професорката Билјана Ванковска се обрати само кон колегата Мухиќ.
Ех, Фериде, Фериде! Сè што имаше создадено уништи кога влезе во парламент – и како влезе, така излезе! Срамно, недостојно за филозоф! Платон сигурно те немал тебе во вид кога предлагал државата да ја водат филозофите – очигледно, умот не е доволен за доблесна заедница. Треба и чест, карактер, морал…, му порача таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.