Венко Филипче, ти ниту си статистичар, ниту портпарол – ти си министер во влада одговорен за ресорот здравство, го потсети професорката Билјана Ванковска министерот за здравство, откако тој вчера ги сподели бројките со новозаразени и починати, но го премолча присуството на заболените пратеници во Собрание.
Венко Филипче, ти ниту си статистичар, ниту портпарол – ти си министер во влада одговорен за ресорот здравство! А таму башибозук! Денес твоите луѓе, инфектолози и луѓе од Брзата помош, учествуваа во кршење на прописите за заштита од заразни болести, плус среде прогласена кризна состојба! Ќе апелираш ли? Ќе кажеш ли дека жалиш? Или ќе ја пофалиш Бисера која им врза шлаканица на оние во бели мантили зад кои цела влада се крие кога нема легитимитет. Вчера славевме спасување животи со органите на едно младо девојче – денес сме шокирани од бескрупулозноста со која водите држава! ДНО!, искоментира професорката Ванковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.