После една година веќе научивме како да се чуваме себе си и од вирусот и од вашите топло-студени политики, вели професорката Билјана Ванковска коментирајќи ги последните одлуки за мерките на Комисијата за заразни болести и Владата.
Ај што Комисијата за заразни болести и Владата се секираат за верските празници, па изгледа се договориле и со Господ и со Алах навечер да не напаѓа вирусот, прекин на огнот поради верски празници), туку зошто го забораваат Први мај? Ах, да! Ова се олигарси, а ни Први мај не е она што беше!
Втора работа, со ова играње со мерките, зошто некому не му текна да ја преиспита мерката за носење маски на ОТВОРЕНО!? За да казнуваат и полнат буџет? Веќе разбравме дека она идиотско објаснување на Караџовски за одењето по прашина нема врска. Тој лично ѝ дозволил на Бисера со позитивен наод да оди во Собрание со скафандер кој ја штитие неа, а не тие околу неа. Нејсе!
Доста е веќе со маски на отворено на овие температури, а богами и полицискиот час ви е глупав и бесмислен. Стигматизацијата на младите кои се веќе и онака жртви на ментални растројства е само барање жртвено јагне (лани ова време бевме стигамтизирани и дискриминирани ние постарите, сега се помладите). Притоа, да потсетам, законите не важат насекаде подеднакво, полициски час во Чаир и Арачиново нема ниту ќе има.
После една година веќе научивме како да се чуваме себе си и од вирусот и од вашите топло-студени политики. Играте и танцувате во пункт за вакцинирање, ни срам имате, ни перде! А прашината, а пеењето, а затворен простор, а дезинфекции? После не ви верувал народот! Па нема да ви верува кога не знаете што правите, ни кај возите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.