Заев сака влада “национален спас” во време кога ќе треба да прават огромни и болни отстапки пред Софија, коментира професорката Билјана Ванковска. Според неа, „Итрецов“ (сам или подучен од надвор) сака да улови два зајака со еден куршум (а и тој Зајак): да помогне во внатрешниот преврат што му се спрема на Мицкоски.
Човекот што триумфално излезе од “својот” парламент сега дава некаква понуда за влада со ДПМНЕ, која не би била техничка (всушност, за техничка влада нема ни формално-правни претпоставки). Итрецов (сам или подучен од надвор) сака да улови два зајака со еден куршум (а и тој Зајак): да помогне во внатрешниот преврат што му се спрема на Мицковски, и второ (поважно): да обезбеди функционален парламент и влада на “национален спас” во време кога ќе треба да прават огромни и болни отстапки пред Софија.
Некои виделе паметен потез на ЗЗ во (демек) јакнење на националните позиции и премостување на антагонизмот. За жал не е така! Ако и успее да направи ваква влада, тоа ќе биде за да не мора на ситно да купува пратеници како за Преспанскиот во 2019. Јас сум длабоко уверена дека ДПМНЕ е заложник на определбите за ЕУ, што автоматски го прави соучесник во новата епизода на национален инженеринг-кoментира професорката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.