Советникот во Советот на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Михајло Вангелов, порачува дека кандидатот на СДСМ за градоначланик на градот, Христо Кондовски, при некоја средба со граѓаните треба лично да каже  дека една од неговите приватни фирми врши незаконска рекатегоризација на возилата и со тоа ја оштетува државата.

Дали е вистина дека оваа пракса е за неговите пријателски компании со привилегии кај власта?

 

Дали Христо Кондовски на овој незаконски начин ја оштетува државата за илјадници евра и директно ги крати парите кои на битолчани им се потребни за подобри училишта, за подобра болница, за повеќе градинки, за подобрри улици?

 

Да одговори и на прашањето на битолчани за врската со Васко Ковачевски и заедничкиот 4 милионски тендер?

 

Христо Кондовски треба да одговори дали неговата фирма која посредува помеѓу клиенти и осигурителни компании е вклучена во изработка на условите за тендер во ЕСМ токму за овие услуги?

 

Почитувани,

Христо Кондовски се кандидира за да заработи, а не да работи за Битола – вели Вангелов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.