Упс, го сторија тоа повторно: ги прекршија парламентарните правила и процедури, го злоупотребија европското знаменце, спроведоа политички инженеринг сè додека пратениците не подлегнат на притисокот, што резултира со уште поголема поларизација, со одлив на мозоци итн., реагира на „Твитер“ холандскиот аналитичар и експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг зборувајќи за СДСМ, ДУИ, амбасадите на ЕУ и САД итн.

Опозицијата и експертите игнорирани, јавната дебата заобиколена. Луѓето сега можат да гласаат навреме, но со ова (и со разни други) македонско излизгување многумина наскоро ќе гласаат „со своите нозе“. Владеењето на правото, без оглед на тоа дали е оценето според старата или новата методологија на ЕУ, стана шега во Скопје и во опкружувањето. Mакедонија повеќе не е модел за Западен Балкан, реагираше Ван ден Берг на „Твитер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.