Побрзо се дојде до формулата за вакцина отколку што Заев и Филипче се способни да набават вакцина против корона, велат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, одложувањето на првата долгоочекувана пратка вакцини од Србија е уште еден во низата докази за неспособноста на Заев и Филипче.
Прво рекоа, Грција ќе прати вакцини за Македонија. Потоа Филипче замина за Бугарија и рече Бугарија ќе даде вакцини за Македонија.А рекоа ќе има вакцини од КОВАКС механизмот, директно ќе преговараат со производителите на вакцините.Фактот е еден, ситуацијата многу јасна – во Македонија нема ниту една вакцина, а средина на февруари е.Додека сите трчаа по договори за вакцини, Филипче и Заев се возеа на КОВАКС, се возеа на тоа дека нив некој ќе им даде вакцини!Што мислеа ќе им паднат од небо вакцини?!Ваква брука не е видена!Ваква неспособна екипа не е видена!Заев и Филипче немаат срам!
Наместо да шират лаги и да се правдаат со глупави соопштенија треба да седнат и да си ги потпишат оставките!, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.