Тоа што цела влада се покрена да прави маркетинг од пакет вакцини ја покажува мизеријата и неспособноста на Заев и владата. Видовме сервилност и неспособност на владата и лоша порака која ја отсликува неспособноста на Заев да менаџира со државата, велат од опозициската ВМРо-ДПМНЕ по повод денешното примопредавање на вакцините од Србија.
4.680 вакцини колку што доби државава, се за 2.340 луѓе. Министерот Венко Филипче најави дека ќе се вакцинираат по 2.000 дневно, што значи вакцинирањето ќе заврши за еден ден и неколку часа. За вакцинирање кое ќе трае еден ден не се потребни спектакли туку работа да се најдат повеќе вакцини. ВМРО-ДПМНЕ го поздравува чекорот што има држави кои помагаат, но воедно нема потреба за спектакли на домашната влада која не умее да се справи создравствената криза. Со нивната неспособност убедливо земјава е најлоша во светот по бројот на починати и без воопшто започната вакцинација, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.