Од Министерството за здравство, за МИА, информираат дека досега вакцина против корона вирусот примиле 1040 здравствени работници

Како што велат од Министерството, кај мал број од нив се пројавени реакции по вакцината како болки на местото каде таа е аплицирана и благо зголемена телесна температура.

Сите вакцини се безбедни и развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ се реализирани 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација – велат од Министерството за здравство.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје, а се врши со 4680 од предвидените 8000 дози вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.