Спортската арена „Борис Трајковски“ е веќе резервирана за имунизација против ковид – 19, а од понеделник ќе почне и да се подготвува просторот за таа намена, објави „Слободен печат“.

Резервирана е само големата сала, повеќе детали ќе имаме од понеделник. Во овој момент уште не се започнати подготовките”, изјавија од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, за „Слободен печат“.

Досега во земјава со вакцината на Фајзер се вакцинирани 6.884 здравствени работници со првата доза, а со втората доза 2.740.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.