Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на ТВ 21 најави дека по информациите дека Германија попладнево одлучи да не ја дава вакцината на „Астра зенека“ на граѓаните под 60 години, и нашите здравствени власти ќе го направат истото.

Тоа значи дека вакцината на „Астра зенека“ со која утре ќе започне имунизацијата на македонските граѓани, ќе може да им се дава само на заинтересираните граѓани над 60 години.

Истовремено, министерот за здравство најави дека ќе испратат писмо до Европската агенција за лекови од која ќе бидат побарани дополнителни информации за процесот на имунизација со оваа вакцина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.