Министерот за здравство Венко Филипче од ГП Табановце се заблагодари за помошта од Србија за вакцините. Тој истакна дека од среда ќе се почне со вакцинавија во Клиничкиот центар во модуларната болница.
Ние сме подготвени да ги прифатиме вакцините. Тие се на пат да бидат сместени во фрижидерите. Вакцинацијата ќе започне во среда со здравствените работници. Голема благодарност до Србија за солидарноста, рече тој.
Се планира вакцината да ја примат 4.600 медицински работници, а вакцинацијата ќе се извршува во модуларната болница на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Претходно ќе биде извршена регистација на вакцините од македонската агенција за лекови МАЛМЕД.
Претходно, Филипче на својот фејсбук-профил информира дека фрижидерите за чување на вакцините од „Фајзер“ се подготвени.
Обучен и подготвен е техничи персонал кој ќе го следи нивото на температурата и запазувањето на сите стандарди, напиша Филиче.
Фрижидерите за чување на вакцините од Фајзер се подготвени. Обучен и подготвен е техничи персонал кој ќе го следи нивото на температурата и запазувањето на сите стандарди.
Posted by Венко Филипче on Saturday, 13 February 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.