На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 514.021 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583 дози вакцини, а ревакцинирани се 390.562 граѓани.

Со последните бројки 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61 отсто над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55 отсто над 60 години се вакцинирани со барем една доза вакцина и 45 отсто над 50 години се вакцинирале барем една доза вакцина.

Министерството за здравство соопшти дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.