Обелоденувајќи неколку тендери поврзани со фирмата блиска до Дарко Каевски, Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ јавно го повика пратеникот од СДСМ да даде одговори пред јавноста.
Добро познатиот стил на СДСМ со закани за тужба е повторно на сцена. Како млади политичари сум силно уверена дека е потребно е да сме по конструктивни од испраќање закани за тужби.
Дарко Каевски преку социјалните мрежи побара јавно да се извинам за вчера поставените прашања, а доколку тоа не се случи изјави дека ќе поднесе тужба. Дејствијата на клевета не треба да ги користите како средство за задушување на дебатата или пречка за јавните личности да се повикаат на отчетност, порача Митева.
Нејсе, ќе продолжам со некои други факти. Додека Дарко Каевски е на функција, фирмата ГЕО КАЕВСКИ добива десетина тендери од државни институции, органи на локална самоуправа и јавни претпријатија.
Во текот на 2018 година фирмата ГЕО КАЕВСКИ од општина Велес и општина Желино добива по еден тендер во вкупна вредност од 808.000 денари. Бизнисот тргнува во 2019 година, кога со 4 тендери, преку општините Велес и Желино, Полошкиот плански регион и ЈП Водовод и канализација инкасирал 9.748.000 денари.
И 2020 година е нешто слична за ГЕО КАЕВСКИ, кога од вкупно 7 тендери од општините Велес, Желино, Липково и Ранковце, како и од Полошкиот плански регион, ЈП Дрисла и ЈП Водовод и канализација, земала 8.351.173 денари.
Ова се извадоци од интернет страницата на Бирото за јавни набавки, кои го докажуваат тоа, откри Митева.
Од овие тендери, фирмата ГЕО КАЕВСКИ добила над 18 милиони денари, односно 300.000 евра за само три години.
Дали е ова начинот на кој се богатат функционерите на СДСМ, кои додека извршуваат функција, нивни блиски земаат тендери во вредност од неколку милиони денари?
Дарко Каевски е должен да одговори! И да, господине Каевски, јавноста има право да знае како е стекнат имотот, за што се извинувам јавно дека не станува број за скоро 170, туку за прецизни 152,5 метри квадратни станбена површина запишана во анкетен лист за 2020 година, рече Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.