Премиерот Зоран Заев беше на форумот „Европа – Вахау“ во Австрија.

Европа препозна дека ги делиме истите вредности и уверен сум дека годинава Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите.На форумот „Европа – Вахау“ во Р. Австрија, пренесов дека за Република Македонија нема друга алетрнатива, освен членство во ЕУ. Направивме низа реформи во правосудството, во јавната администрација, како и во безбедносните служби, преку дијалог најдовме решение за спор од 28 години. Му благодарам на еврокомесарот Хан за неговата континуирана поддршка и за тоа што го препозна нашиот придонес за целиот регион на Западен Балкан – напиша тој на Фејсбук.

На форумот даде нова комична изјава, со која ги насмеа сите присутни.

Имено, Заев порача дека Европа треба да остане најсекси девојка во светот!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.