Претставници на власта и опозицијата ги надминаа разликите околу Деловникот за работа на Собранието по разговорите со европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн во рамките на процесот „Жан Моне“.
Македонија ќе го добие датумот за почеток на преговори во октомври, изразија уверување европретениците Иво Вајгел, Едуард Кукан и Кнут Флекнштајн на вечерашната заедничка прес-конференцијата со претседателот на Собранието Талат Џафери по завршување на вториот состанок во процесот Жан Моне во Скопје.
Ништо не е готово. Ова е само еден од почетоците од приближувањето кон ЕУ. Наскоро вашата земја ќе стане членка на НАТО. Ова е неверојатно важен чекор за сите нас. Одлуките што лидерите на Македонија ги донесоа прифаќајќи ги понекогаш болните услови од Преспанскиот договор добија огромна доза на почит и восхит за вашата земја надвор од неа. Тоа претставува еден знак на признание, а исто така и заложбата на ЕУ кон вашата земја. Септември или октомври се многу близу само едно лето стои до моментот со кој ќе се одбележи почетокот на преговорите, на почетокот на еден еднакво болен процес на приспособување кон законодавството на ЕУ кој што секоја земја кандидат треба да ги исполни за членство во Унијата, рече европратеникот Вајгл кој е известувач за нашата земја во Европскиот парламент.
Европратеникот Флекенштајн кој доаѓа од Германија ја повтори заложбата на канцеларката Ангела Меркел дека ќе се вложи со сета своја политичка тежина за Македонија да го добие датумот за почеток на пристапните преговори во септември или октомври.
Нејзините изјави не ги сакам секогаш, но оваа нејзина изјава многу ми се допаѓа и сметам дека ова е многу моќна и јасна порака од еден шеф на влада. И ако таа рекла нешто на таков јасен начин имала причина да го стори тоа навистина сум убеден дека датумот за почеток на преговорите ќе биде објавен во септември или октомври со сигурност, рече Фелекенштајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.