Заменик командирот на противпожарната бригада во изјава за телевизиј Алсат потврди дека има жртви во пожарот, но не се знае точната бројка. Пожарот е гасен со 7 возила и над 30 пожарникари.
„Во 21 и 2 минути е пријавено дека гори модуларната болница во Тетово. Екипите за 3-4 минути пристигнаа со 7 возила и над 30 пожарникари. Кога пристигнаа екипите целата болница беше во пламен. Додека се гасеше пожарот, се вадеа и жртви. Не знаеме колку точно жртви имаше. Не можеме да кажеме од што настанал пожарот“, вели заменик командирот на противпожарната бригада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.