Недрага Владо, Супер што го објавивте списокот на владини цицачи, само имајте предвид дека знаеме да собираме и според ова што го споделивте, исплатени се триесетина илјади евра, а истражувањето, како и вашиот портпарол потврди дека за 3 години се потрошени околу милион евра на хонорарци.

Така да, не туку замачквете очи, туку вадете ги сите списоци три години наназад!

* И сега ботови шо не се на списокот ги бранат ботовите на списокот со „Ете! Ги извадија! Шо сакате сега?“ Списоците со останатите 970.000 евра шо ги исплатиле на тајни хонорарци ги сакаме!!!

* Ех бе слободари, гласни сте кога треба да одбраните дека „никој и ништо“ биле хонорарците на списокот, да го изедначите исмевањето на паразитизирањето со хајка, а неми кога треба да се побараат уплатите за минатите години. Па уште верглате за целосна транспарентност. Не правите никого будала, туку сами од себе правите будали.

* Порано им сметаше што невладини и поединци цицаа пари од буџет, сега им смета што луѓе ги бараат имињата на тие што денес тајно цицат народни пари. Демек линч и хушкање било… А бе признајте си дека борбата беше да дојте на нивно место, па прославете си ко луѓе, онака „независно“ ко што знајте само вие!, пишува на Фејсбук, Иљче Затаркоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.