Унгарската новинска агенција В4 пренесе изјава на портпарол на унгарскиот премиер Виктор Орбан за средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски која се одржа денес во Будимпешта.
Водачот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговиот заменик Александар Николоски го известија Виктор Орбан за актуелната политичка и економска состојба. Двете страни разговара и за процесот на прием на балканската земја во Европската Унија, како и за најважните европски теми. Разговорите се фокусираа и на иднината на Европската народна партија, во која Фидеш и ВМРО-ДПМНЕ се членки, и за внатрепартиските избори кои ќе се одржат во ноември, изјави Берталан Хаваши, портпарол на унгарскиот премиер Орбан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.