Загадувањето на воздухот доаѓа од путински ветар, тврди Министерството за животна средина и просторно планирање.

Среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките за 22 јуни се благо надмината на речиси сите мерни места, освен на мерното место во Гевгелија. Во прилог е табелата со измерените среднодневни концентрации на ПМ 10 честичките.При анализа на квалитетот на воздухот се зема предвид и временската прогноза која ја добиваме од УХРМ. Според последниот неформален разговор со УХМР во изминативе денови забележено е движење на топла воздушна маса која носи прекугранична прашина (се претпоставува дека станува збор за пустински ветер) и истиот може да продолжи и во наредните денови. Од таа причина забележано е надминување на среднодневната концентрација на ПМ 10 честичките и на мерното место во Лазарополе, каде во вообичаени услови мена надминувања – велат од Животна средина.

Дали пустинскио прав ја загадува Македонија? Како Африка го нема овој проблем со загадување? Или кога не можат да се обвинат домаќинствата за клими и вентилароти во лето, кога не може да се обвинат автомобилите кои се намалени во овој период, проблемот се пренасочува во ветрот. Сите се виновни само вистинските загадувачи не се.

Зошто не се земат мостри од резерварите на ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола каде снабдувач е фирма чии камиони беа вратени од царински терминал поради неквалитетен мазут? Дали ќе се земат мостри откако ќе се изгори ѓубрето, па се да биде „регуларно“?

Кој стои зад криминалот со горењето мазут и убивање луѓе? Криминал тежок неколку милиони евра. Дали има нешто повредно од човечкиот живот? Има ли повредно од здравјето на едно дете? Кој воздух го дишат оние кои ги прават милионите? Ќе го купат ли сопственото здравје со пари? Или не е важно колку ќе се живее, додека се живее да се спие на милиони?!

Што се гори во земјава?  Алтернативни горива, или поточно кажано ѓубре кое се увезува од странство, нафтен кокс, сецкани гуми, мазут со сомнително потекло со карактеристики кои се забранети по домашни и меѓународни стандарди…

Зошто е укината акцизата за нафтен кокс? Министерството за економија и Министерството за животна средина и просторно планирање мора да ги објават фирмите кои користат нафтен кокс и алтернативни горива! Да објават колкав е процентот на сулфур и колку изнесуваат пм честичките при согорувањето.

Време е да се отворат картите! Време е да се открие кој профитира на грбот на граѓаните! Дали за одредени фамилии и одредени олигарси не важи ништо? Дали најбитни во државата се нивните профити, па дури и да е на сметка на здравјето на луѓето? Колку луѓе умираат годишно од рак? Толку семејства годишно ве проколнуваат и ве молат да престанете!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.