Советот за безбедност ќе одржи нова седница в петок, на која треба да се разгледаат резултатите од вонредната состојба во изминатиот период, по што не е исклучено претседателот Стево Пендаровски да донесе нова одлука за вонредна состојба, доколку има таков предлог од Владата.
Во спротивно, вонредната состојба поради коронавирусот, која првично беше прогласена на 18 март, по што беше донесена уште една одлука за нови 30 дена, ќе заврши в сабота.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски изјави вчера дека Владата овие денови ќе одлучи дали ќе побара вонредната состојба да потрае уште извесно време. Претседателот Пендаровски, пак, изјави пред извесно време за „360 степени“ дека, ако има подобрување на ситуацијата со коронавирусот, тој двапати ќе размисли дали ќе биде „единствениот кој ќе продолжува – 30, плус 30, плус 30 дена вонредна состојба“.
Неговите две одлуки останаа непотврдени од овој собраниски состав, кој да не беше распуштен ќе требаше, наместо Пендаровски, да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.