Најпогодени од кризата се токму музичарите, угостителите и продуцентите, смета сопственикот и управител на „Универзал продукција“, Иванчо Митев, според кого случувањата со вирусот се еден вид на економска војна во која најмногу настрадале естрадните уметници.
Мојот конкретен предлог за решавање на оваа состојба е сите коишто ќе бидат присутни во рестораните да носат заштитни маски и ракавици, или евентуално, пред влез во ресторан гостите да покажат негативен тест. Погодени сме од ситуацијата, властите забранија секаков вид на јавни настапи, а не е исклучена можноста и одредени градови да бидат ставени во карантин. Која е поентата од сето ова? Никој не знае со сигурност, па да излезе во јавност и да каже. Јас јавно апелирам премиерот Зоран Заев, заедно со министрите и советниците да излезе и да каже какво друго решение се нуди, како може уметниците да работат и да заработуваат за живот од шоу бизнисот?, прашува Митев.
Повеќе на „Фокус“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.