Марвинци претставува една од портите за влез во општина Валандово. Само сплотени заедно, со работа и труд ќе го направиме достојно и уредно место за живеење, вели кандидатот за градоначалникна Општина Валандово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Узунов.
Како дел од проектите во неговата програма за ова место се планира уредување на пешачката патека и нејзино осветлување, но и развој на археолошкиот локалитет ,,Исар” Марвинци-ревитализација на пристапен пат до локалитетот како и изградба на музеј на локалитетот.
Санација на подот во училишната зграда на подрачното училиште, инсталација на современ и енергетски ефикасен систем за загревање на основното училиште, изградба на пречистителна станица и колектор за фекалната канализација за градот Валандово и пречистителна станица во село Марвинци за бојмиските населени места, но и урбанистички план за село Марвинци се дел од проектите со кои Узунов ја бара довербата од граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.