Во време кога смртноста од коронавирусот во Македонија секојдневно е над 30 лица, мерките, рестрикциите и свесноста важат сите освен за симпатизерите и функционерите на СДСМ. Како реприза на вонредните локални избори во Штип, и за овие редовните, партиските активности на владејачката партија „не смеат“ да трпат.
Па, така, вчера во Кавадарци без никакви пречки течеше партиската кампања на СДСМ. Полна соба активисти, сите триесетина од нив без маски, без протоколи или дистанца, затоа што со нив е главниот – министерот за внатрешни работи.
За совест или одговорност од Оливер Спасовски нема да пишуваме, одамна покажа дека не е по тие работи. Но, со кое лице овие луѓе ќе бараат глас од кавадарчани? Одговорот нека го бараат во слоганот на СДСМ:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.