Утврдување нешто според фактите од истрагата исто нема врска со понудени оставки од морални причини. Вака политичкиот аналитичар Ивор Мицковски ја коментира одлуката на премиерот Зоран Заев да ја сочека истрагата, па потоа да види дали ќе ја прифати понудената оставка од министерот за здравство Венко Филипче поради трагичниот настан во кој животот го загубија 14 лица кои престојуваа во модуларната болница во Тетово.

Понудени, задоцнето понудени, а неприфатени оставки не се морален и етички чин, туку се бедна и мизерна политичка калкулација.
Утврдување нешто според фактите од истрагата исто нема врска со понудени оставки од морални причини.
А што се однесува до истраги, уште ја чекаме онаа од бегството на Груевски.
Така да, јасни сте и проѕирни, штетни за сите нас и веќе во фаза кога сте опасни по себе.
Тоа значи дека спас ни нема и спас ви нема, што е полошо од било која поединечна катастрофа.
Сега сте во фазата “Миле ми текна”, а после знаете што доаѓа, коментира Мицковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.