По вонреден инспекциски надзор во биохемиската лабораторија „Скрин лаб“ –
„Павлина“, Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврдил неправилности во работењето.
Вонредниот надзор уследи по пријава од скопјанка на која со примени две дози од вакцината на „Фајзер“, во оваа лабораторија не ѝ откри антитела, потоа откриени во друга лабораторија, пишува „А1Он“.
При надзорот беа констатирани неправилности при работењето на лабораторијата во однос на отстапување од дозволата за работа издадена од Министерството за здравство и во однос на издадени резултати од извршени лабораториски анализи без потпис на доктор и печат на здравствена установа – велат од Инспекторатот за „А1Он“.
За констатираните неправилности, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно надлежностите, ќе преземат мерки со цел утврдените неправилности да бидат отстранети во најкус можен рок. При надзорот инспекторите констатирале и дека ПЗУ „Павлина“ има покренато постапка во Министерството за здравство за промена на статусот на здравствената установа, која е во процедура.
Управителот и основач на „Скин лаб“ – „Павлина“, Јордан Петров, за „А1он“ вели дека резултатот на скопјанката која се пожалила за неточни резултати од анализата бил во рамки на дозволена грешка, оти китовите со кои работат биле со прецизност од 98 отсто, но не ја отфрли и можноста пациентката да ги развила антителата еден
ден подоцна, кога го повторила тестот во друга лабораторија.
Повеќе на „А1Он“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.