Утре е закажана конститутивната седница на новиот состав на Парламент. Најнапред ќе се бира претседател на Верификационата комисија, па потоа ќе се верифицираат  мандатите на пратениците, избор на претседател, заменик, членови на Комисијата за прашања на избори и именување и избор на претседател на Законодавниот дом.

Неизвесно е дали утре  ќе се избере претседател на Собранието поради тоа што не е обезбедено парламентарно мнозинство. Дотогаш со Собранието ќе раководи досегашниот спикер Талат Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.