Утре во 14:00 часот на граничниот премин Табановце премиерот Зоран Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини.

Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ посочи дека Србија ќе и отстапи 8.000 вакцини на Македонија.

Станува збор за „фајзеровата” вакцина, која заедно со „Модерна”, е единствената која ги има сите потребни сертификати од најголемите регулатори, европската ЕМА и американската ФДА. Сите вакцини што сега се достапни на пазарот се развиени на безбедна платформа и веќе се аплицираат во некои земји, рече Филипче.

Премиерот Зоран Заев изјави дека Србија се понудила да ги донира овие вакцини, но сепак Македонија ќе ги плати по набавна цена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.